Собраниската седница прекината, попладне ќе се избираат потпретседатели

Собранието денеска ја почна седницата на чиј дневен ред беа ставени петте одлуки за прогласување вонредна состојба поради пандемијата предизвикана од ковид-19, но расправата по нив не почна бидејќи седницата беше прекината по усвојувањето на две одлуки за формирање и изменување на состав на собраниски работни тела.

По усвојувањето на дневниот ред, пратениците ги усвоија предлог одлуката за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Македонија, како и предлог одлуката за основање делегации, пратенички групи, и други облици на остварување меѓународна соработка на Собранието.

По ова претседателот на Парламентот Талат Џафери ја прекина седница и рече дека пратениците доолнително ќе бидат информирани за продолжението. За попладне најави одржување седница на чиј дневен ред е и изборот за потпретседатели на Собранието.

Во меѓувреме, најави Џафери, ќе се одржи и состанок на координаторите на пратеничките групи и претседателите на собраниските комисии, што било договорено на вчерашната собраниска координација.

Пред почетокот на оваа седница од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат против потврдувањето на петте одлуки за вонредна состојба што го донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата предизвикана од ковид-19, поради тоа што, како што рекоа, тие не биле искористени за целта за која биле донесени, туку биле злоупотребени од Владата.

За ова потребно е да гласаат 80 пратеници. Станува збор за две одлуки за вонредна состојба во траење од по 30 дена, две од по 14 и една одлука за вонредна состојба во траење од 8 дена.  

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе