Собраниската комисија без дебата и едногласно гласаше за разрешување на Катица Јанева

Комисијата за избори и именувања на Собранието едногласно и без дебата донесе заклучок да им се предложи на пратениците да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“.

Одлуката е донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно и несовесно работење.

Залучокот на Комисијата ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој треба да свика пленарна седница за разрешувањето на Јанева. На пленарната седница нема да се расправа за извештајот на Советот на ЈО туку само за предлогот за разрешување.

Одлуката се носи со двотретинско мнозинство и со т.н. Бадентерово гласање, а на крајот треба да ја потврди и Советот на обвинители.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе