Собраниската говорница „окупирана“ од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираа собраниската говорница откако претседателот на Собранието Талат Џафери не му дозволи на пратеникот Антонио Милошоски да се обрати процедурално. 

По излегувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на говорницата Џафери го повика обезбедувањето и даде пауза.

Претходно пратеникот Илија Димовски побара расправата за Зврлевски да се стави во мирување, повикувајќи се на примената на член 8-а, став 1, алинеја 4 од Изборниот законик, за кој што тие вчера побараа мислење од Државната комисија за спречување корупција.

Инаку, пратениците денеска требаше да расправаат за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, откако пропаднаа претходните неколку обиди за тоа.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е во спротивност со Изборниот законик, според кој од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори за градоначалник  или членови на советот, односно до конституирање на советот на општините и градот Скопје, не може да се почне со постапка за вработување нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институиции, а воедно започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случај на итни и неодложни работи.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе