Политичка заврзлама

Собранието утре ќе ги потврди оставките на Ковачевски и Пендаровски, на потег е ДИК, чии 8 члена се во оставка

На почетокот на утрешната собраниска седница ќе бидат констатирани оставките на пратениците Васко Ковачевски и Стево Пендаровски.

Ковачевски, кој денеска поднесе оставка на пратеничката функција, изјави дека ќе биде прв човек на комбинатот РЕК Битола. Пендаровски е избран за Национален координатор на НАТО.

На нивните пратенички места ќе бидат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски. 

Во изјава за медиумите Ковачевски потврди дека можно е да има поголеми кадровски промени во власта, но смета дека треба да се огласи премиерот Зоран Заев. 

„Од она што јас го имам како информација е дека првиот нареден пратеник од листата е господинот Самка Ибраимовски. Тој ќе ја напушти функцијата министер во Владата на Република Македонија. За сите останати кадровски промени очекуваме во текот на деновиве да се огласи премиерот Заев“, рече Ковачевски.

Тој очекува дека овие промени ќе бидат во насока на подобрување на нештата во општеството, и дека идните пратеници со својот ангажман ќе ги запазат интересите на граѓаните и на коалицијата.

Оставките на пратениците и именувањето на нови пратеници од листите на партиите за време на изборите треба да ја пројдат процедурата во Државната изборна комисија.

Таму, пак, во ДИК, осум од девет члена се во оставка. Оставките се веќе поднесени до Собранието кое во рок од три дена треба да бидат констатирани и да распише оглас за избор на нови членови. Предлогот за нови членови треба да дојде од политичките партии, а тројца членови треба да бидат експерти со добиена согласност и од опозицијата и од владината коалиција. Тие се избираат на јавен оглас.

Пратениците од опозицијата и официјално потврдија дека нема да учествуваат во работата на законодавниот дом сѐ додека не бидат ослободени нивните притворени колеги.

Ако политичките партии не дадат предлози за членови на ДИК, тогаш собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да предложи нови имиња. Собранието треба да распише и оглас за изборот на претседателот и членовите на ДИК.

Единствен член на Државна изборна комисија е претставничката на движењето Беса Ермира Асани Салија.

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе