Собранието усвои три закони за кои Иванов не ги потпиша указите

Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 97. седница усвои три закони во трето читање што беа вратени во Парламентот откако поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише указите за нивно стапување во сила.

На седницата беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор.

Ова се дел од законите кои беа усвоени во изминатиот период, но не стапија на сила поради непотпишувањето на указите од страна на Иванов, со образложение дека нема да потише ниту еден закон со новото име на земјата.

Собранието продолжи со работа со точки кои се останати на дневен ред на 94-та седница.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе