Собранието го донесе Законот за судски совет

Со вкупно 62 гласови „за”, без ниту еден против или воздржан, пратениците попладнево, во трето читање, го донесоа Законот за судски совет на Република Северна Македонија.

Според Законот, Судскиот совет е самостоен и независен орган на судството, ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите.

Согласно членот 3 од Законот, се забранува политичко организирање и дејствување во Советот. Членовите на Советот во вршењето на функциите на Советот не смеат да остваруваат партиска активност. Советот со својата работа оневозможува политичко влијание во судството.

Собранието претходно, во рамки на 95. седница донесе и закони кои претседателот Ѓорге Иванов претходно со указ одби да ги потпише.

Разгледани беа и неколку барања за автентични толкувања.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе