По едномесечни партиски препукувања

Собранието ги донесе антикризните мерки - гласаа и пратеници позитивни на ковид-19

Во тензични услови и обвинувања за кривична одговорност поради присуството на двајца пратеници позитивни на ковид-19 облечени во скафандери, Собранието ги изгласа законите од владиниот антикризен пакет кои долго време ги чекаа граѓаните погодени од економската криза предизвикана со епидемијата. За помалку од половина час законите беа донесени, а можеа и побрзо да немаше процедурални забелешки поврзани со присустсвото на болни пратеници.

Со присуство на пратеници од сите пратенички групи Собранието брзо ги изгласа законите од владиниот пакет мерки за финансиска помош на граѓаните погодени од економската криза предизвикана од пандемијата.

Станува збор за Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

Претодно, на друга седница, брзо се заврши гласањето за околу 20 точки од дневниот ред за кои расправата исто така одамна завршена. На оваа седница не присуствуваа пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но кворум имаше толку колку што беше потребно - ЗА точките гласаа 62 пратеника.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе