Собранието денеска треба да гласа за законот за ЈО

Собранието на Република Северна Македонија денеска во 13 часот треба да ја продолжи работата по 135. седница, на чиј дневен ред се Предлог-законот за јавно обвинителство и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

Расправата за Предлог-законот за јавно обвинителство заврши доцна синоќа, а гласањето, како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство.

И изминатиот ден во фокусот беше законот за јавно обвинителство. Премиерот Оливер Спасовски смета дека во Собранието прво треба да се донесат сите закони, кои, како што рече, се многу битни за граѓаните, па дури потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера во Неготино изрази уверување дека законите ќе се донесат, Собранието на време ќе се распушти, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека не смее одново да се блокира и опструира донесувањето на законите за ЈО и за Советот на ЈО, кои се темелот на реформите во правосудството и гарантираат неселективна правда и одговорност за сите. Мора да се создадат услови тие да се донесат пред распуштањето на Парламентот.

ДУИ апсолутно го поддржува законот за ЈО и законот за Советот на ЈО, апсолутно, недвосмислено цела пратеничка група почнувајќи од лидерот Али Ахмети се до последниот, рече на прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби.
Тој нагласи дека ДУИ не го условува со ниту еден закон, процедура или прашање донесувањето на законот за ЈО.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта се брза да го донесе овој закон за да се заштити од криминалите што ги има направено.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе