Собранието денеска ќе расправа за заемот за автопатот Кичево-Охрид

Собранието денеска на 116 седница, меѓу другите точки, треба да расправа и за Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат-делница Кичево -Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот градење, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор,по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување на Законот за електронско управување и електронски услуги, по скратена постапка.

Во рамките на оваа седница се и Предлог на закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија, во прво читање, како и Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, исто така во прво читање.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе