ВО ТЕКОТ НА ВЧЕРАШНИОТ ДЕН

Собрани над 15.000 евра донации за поддршка на „шарените револуционери“

Во текот на вчерашниот солидарен настан, кој се одржа во „Кафе Бар Излет“, граѓаните покажаа што значи „заедно сме посилни“! За време на настанот беа собрани 1.405 евра, 40 долари и 878.360 денари, односно се вкупно над 955.000 денари, информираат од „Излет“ каде се одвиваше целодневниот хепенинг „Еден за сите, сите за еден“.

„Им благодариме на сите граѓани кои се солидаризираа со сите оние кои добија и ќе добијат драконски казни само заради своето изразување на право на протест. Заедно сме посилни! Сите за еден, еден за сите!“, стои во соопштението.

Инаку, со донаторскиот настан се даваше поддршка и се собираа донации за подмирување на казните за демонтрантите од „Шарената револуција“. Од движењето потенцираа дека само во изминатите неколку денови само во Скопје се поднесени кривични пријави против 7 од најактивните граѓани – т.н. „шарени командоси“, за кои се очекува да добија огромни парични казни за боењето на „Порта Македонија“. Исто така, нагласија дека се поднесуваат прекршочни пријави против десетици други граѓани, а огромни парични казни за изразување на своето право на протест се очекува да добијат и демонстрантите кои се уште се во домашен притвор. 

„Секој ден сме чекор поблиску до враќањето на слободата и правдата - откажување нема! Но, оваа наша борба зема и многу жртви. Нашите пријатели, шарените командоси и други наши соборци-демонстранти, се соочуваат со прекршочни и кривични пријави за кои режимот спрема високи казни. Тоа се оружјата со кои оваа власт сака да не заплаши и запре. Ова не смееме да го дозволиме! Ако нивното оружје се стравот и казните, тогаш нашето се солидарноста и другарството! Нема да дозволиме нашите соборци сами да ги плаќаат неправедните казни“, рекоа од „Шарената револуција“. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе