Протести во Атина

Со солзавец против демонстрантите

Грчката полиција употребила солзавец против демонстрантите кои се собраа денеска пред Парламентот во Атина на протест против договорот за името на Македонија.

Солзавец е фрлен против демонстраните кои се обиделе да се качат по скалите пред парламентот. Протестот почнал на плоштадот Синтагма. Демонстрантите носеле знамиња на Грција и знамиња со ѕвездата Вергина. Организаторите повикале на нов протест утре во Преспа, каде што треба да биде потпишан договорот меѓу Македонија и Грција, јавува дописникот на МИА.

Истовремено со протестите, во грчкиот парламент течеше дебатата за барањето на опозициската Неа демократиа за изгласување недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас поради договорот со Скопје.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе