СДСМ најави амандман за уставното име на текстот од ВМРО-ДПМНЕ

Со резолуцијата за решавање на спорот со Бугарија ќе испратиме порака на единство, вели Заев

Со амандман ќе се интервенира во Предлог-резолуцијата за решавање на прашањето со Бугарија за да стои уставното име на земјата – Република Северна Македонија и за тоа владејачкото мнозинство само ќе обезбеди гласови, најави премиерот Зоран Заев.

Според Заев, тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржи од гласање по амандманот, е затоа што тие ја прифаќаат реалноста, но уште стојат на ставот за непризнавање на Преспанскиот договор. Сепак, додава дека најважно е резолуцијата да биде донесена и да се испрати порака на единство.

„ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа реалноста, но сѐ уште стои на своите позиции за неприфаќање и непризнавање на Преспанскиот договор, иако гледате дека одговорноста е присутна кај сите, па и кај ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што е добро за граѓаните не може да го негирате, треба да го поддржите. Ние имаме општи одредби во резолуцијата кои што без каква било промена на точка или запирка ги поддржуваме, но, истовремено Уставот е реалност и затоа парламентарното мнозинство интервенира со амандман и тоа самото ќе обезбеди гласови“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање што значи најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се воздржи од гласање по амандманот.

Заев ги повика пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива да го поддржат амандманот, затоа што, како што рече, биле и за промена на Уставот и за Преспанскиот договор заради ЕУ и НАТО интеграциите на земјава. Истовремено тој повика за амандманот да гласа и некој од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, „тоа е реалност во државата“.

„Јас верувам дека тоа ќе им донесе добро и конечно да го направат тој пробив, за нив како политичка партија, но тоа ќе ѝ помогне и на државата да се реалксираат работите токму по ова прашање“, рече Заев.

Според него, исклучително значајно е што парламентарното мнозинство ќе поднесе амандман со кој ќе се вгради уставното име.

„Само така тоа ќе биде уставно исправен документ, а сите заедно ќе ја гласаме резолуцијата со што ќе испратиме порака на единство дека сакаме решение со Бугарија, но и оти знаеме што е дозволиво, а што не“, рече Заев.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе