Адеми во Тирана

Со природното и културното наследство на Охридскиот регион ќе управува заедничка комисија на Македонија и Албанија

Формирање на меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион било договорено во Тирана на средбите на министерот Едмонд Адеми во својство на претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, со министрите за култура и за животна средина на Албанија, Елва Маргарити и Бленди Клоси.

Министрите, како што соопшти владината прес-служба, ја реафирмирале одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство. Адеми имал средба и со претставници на Министерството за надворешни работи на која што било заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.

„Во тој контекст, Северна Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион“, се наведува во соопштението од Владата.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе