Измени во Изборниот законик

Со отворени листи ќе се почне на локалните избори, партиите главно согласни

Бојан Маричиќ, министерот за правда вчера најави измени на Изборниот законик со кој ќе се воведе принципот на отворени кандидатски листи уште при првите локални избори што ќе се одржат наредната година. Со оваа најавена измена се согласија и од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Директниот избор ќе значи поголема врска на избраните претставници со нивните сограѓани“, изјави Маричиќ.

Отворените листи и една изборна единица претставуваат солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик, локалните избори да се одржат во еден изборен круг, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во однос на предлозите на Маричиќ за една изборна единица и отворени листи, Арсовски вели дека СДСМ треба и официјално да соопштат дали тоа е нивниот конечен став, со оглед на тоа што во минатото повеќе работи биле договорени во таа насока, па потоа се предомислиле и го промениле мислењето.

„Сметаме дека отворените листи и една изборна единица претставуваат солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик, како и нашиот предлог локалните избори да се одржат во еден изборен круг со цел да се заштедат пари на граѓаните во период на тешка економска криза и да се заштеди време во кое ќе се спроведе изборниот процес. Исто така, бараме, еднаш засекогаш да се регулира гласањето на дијаспората“, рече Арсовски.

И од коалицискиот партнер на СДСМ, од Демократскиот сојуз велат дека периодот по завршувањето на изборите и формирањето на владата е вистински момент за промена на изборниот модел и за следните парламентарни избори. Од ДС предлагаат да се формира работна група составена од пратеници и експерти која во наредните три месеци ќе ги подготви измените на Изборниот законик. Работната група треба да подготви темелна анализа на изборниот модел и да предложи измени кои ќе создадат еднакви шанси за изборен натпревар на сите политички партии.

За отворените листи и една изборна единица многу се дебатираше пред изборите на 15 јули, но на крајот не се дојде до никаков договор.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе