Со МојДДВ вратени осум милиони евра кај граѓаните, велат од СДСМ

Само преку МојДДВ за првото тромесечје од оваа година кај граѓаните се вратени 491,5 милиони денари, или речиси 8 милиони евра, велат од СДСМ:

„Оваа успешна мерка веќе три години ги остварува своите цели и тоа унапредување на даночната дисциплина, сузбивање на сивата економија и враќање пари кај граѓаните, што е особено добредојдено во ова време на светска економска криза.

Во време на светска економска криза СДСМ презема низа мерки кои обезбедуваат повисоки плати и пензии и помали трошоци за граѓаните.

Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, а од септември следува рекордно зголемување на пензиите согласно новата методологија.

Со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра се намалуваат месечните трошоци на семејствата.

Ребалансот на буџетот ќе обезбеди дополнителни средства за ублажување на последиците од кризата за компаниите и за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе