На регионалниот форум „Виртуелното е реално

Со конкретни мерки до нулта толеранција на насилството врз жените, порача Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска учествуваше на регионалниот форум „Виртуелното е реално: Зајакнување на законодавната рамка за поддршка на телесната автономија", во организација на Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА, информираат од прес-службата на министерката.

Во соопштението се вели дека говорниците од регионот дискутирале за тековните состојби со сајбер насилството во нивните држави низ односните правни рамки.

„Владата на Република Северна Македонија се обврза дека ќе има нулта толеранција кон сите форми на насилство врз жените со преземање на конкретни мерки и активности во една од приоритетните области, родовата еднаквост. Оваа обврска беше потврдена преку усвојување на националните заложби на Самитот во Најроби во 2019 година“, изјавиТренчевска во своето обраќање.

Министерката истакнала дека Македонија е меѓу првите земји што ја потпиша Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) за која во декември 2017 година, Собранието го усвои Законот за ратификација.

Во 2021 година донесен е Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство како прва активност во насока на имплементација на Конвенцијата.

Законот e целосно усогласен со Истанбулската конвенција и има за цел проширување на системот на превенција и заштита на сите облици на родово базирано и семејно насилство.

„Насилството врз жените и семејното насилство повеќе не се приватна работа и државата преку сеопфатни и интегрирани политики сериозно работи на превенција и заштита на жртвите на насилство. Во таа насока, воспоставени се 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство во шест плански регион“, рече Тренчевска.

Покрај засолништата, таа во своето обраќање истакнала и дека Министерството за труд и социјална политика има воспоставено и специјализирани советувалишта на територијата на цела држава во седум плански региони.

Воспоставени се десет специјализирани советувалишта за жени жртви на насилство и семејно насилство и осум специјализирани советувалишта за психо-социјален третман за сторители на семејно насилство.

Форумот, како што се вели во соопштението има за цел да ги зајакне регионалните партнерства преку изработка на доследни и делотворни законски мерки и подигање на свеста за борбата против дигиталното насилство и родово базираното насилство воопшто.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе