Реакција

„Со изјавата дека поседува документи од случајот 'Рекет', Мицкоски ја нарушил тајноста на постапката“

По изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека поседува документи од истрагата за случајот „Рекет" од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека прават проверки за тоа како тие документи стигнале до партијата. Повикувањето на Мицкоски на законот за „свиркачи", за правнците е сосема несоодветно.

Законот за свиркачите се однесува само за кривични дела за кои нема постапки, а во случајов се работи за предмет што веќе во истрага, па излегува дека е нарушена тајноста на постапката, а со изнесувањето на документи е сторено кривично дело, велат правниците.

Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму изјавуваат дека ако власта се обиде нешто да сокрие, тие ќе ги објават документите во интерес на јавноста.

„Како да му објасниме на Мицкоски што е „свиркач" или „whistelblower" и дека тоа не е и не може да биде лице кое списи од тајна постапка по закон ги направило јавно достапни за теленовела!? И со тоа ја компромитира постапката! Па уште се размавтал на прес со хартија. Шта речи, а не заплакати?“, напиша на својот фејсбук-профил адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска.

И адвокатот Александар Тортевски смета дека за изјавата Мицкоски треба да одговара.

Тортевски во вчерашното гостување на ТВ Телма рече дека изнесувањето на изјавите и наредбите од истрагата „Рекет“ апсолутно е кривично дело.

Мицкоски изјави дека поседува изјави и наредби од ОЈО за истрагата „Рекет“.

„Треба нова организација во целиот систем на ОЈО. Треба да се копмлетира со луѓе со кадар, со техника, да се направат проверки за лојалноста на вработените. Ако ова е точно, тогаш протекуваат тајни информации од истрагата. Апсолутно е кривично дело ако некој ги изнел сите документи за таа постапка. Постапката е тајна, тоа е огромен пропуст ако документите ви ги носи кој како сака“, вели Тортевски.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека досега Мицкоски не е повикан да даде дополнителни информации во обвинителството.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе