Реакција

Со индигнација ги отфрламе препораките на мешовитата комисија, велат стотина научни работници

Стотина академици, соработници на МАНУ, декани, универзитетски професори и историчари во заедничка изјава која ја потпишаа наведуваат дека препораките на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на Македонија и Бугарија на историски личности ги отфрлаат со индигнација и ги сметаат за ништовни и нерелевантни за понатамошната научно - истражувачка работа.

Нивната изјава ја објавуваме во целост.

Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската заедница, современите научни методи и парадигми, автономноста на научно-истражувачката дејност, како и интегритетот на македонските општествени, хуманистички и историските науки, ние, припадниците на академската и научно-истражувачката заедница од Република Македонија, со индигнација ги отфрламе Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и истите ги сметаме за псевдонаучни, поради следниве причини:

„Препораките..." го игнорираат фактот дека 'историското право' не е призната категорија во меѓународното право, па следствено – за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.

„Препораките..." ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.

Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка" бугарско – македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.

Под привид на реципроцитет, „Препораките..." промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.

Инаку, меѓу потписниците на изјавата се академиците Катица Ќулавкова, Љупчо Коцарев, Ѓорги Поп Атанасов, Зузана Тополињска, Витомир Митевски, Марјан Марковиќ, Митко Манџуков,  Леонид Грчев, бројни научни работници (Ристо Солунчев, Гоце Панговски, Игор Радев, Наум Пaновски, Ана Витанова, Лидија Стојановиќ Лафазановска....) од Институтот за национална историја, универзитетски професори, научни работници од други институции од земјава и други личности.

 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе