На седница на собраниска комисија

Со гласот на ЛДП надгласано владејачкото мнозинство, предлог законите за отпад симнати од дневниот ред

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и ЛДП со 8 наспроти 7 гласа  ги надгласаа членовите од владејачкото мнозинство за повлекување од дневен ред на собраниската Комисија за европски прашања на предлог-законите за управување со отпад и за управување со пакување и отпад. Според овие партии, тоа е направерно согласно барањата на здруженијата на граѓани и Иницијативата О2 за потребата од широка јавна дискусија. СДСМ е изненадена од ставот на ЛДП, а од ЛДП велат дека така гласале во интерес на заштитата на животната средина.

Собраниската Комисија за европски прашања потоа ја прекина седницата на која требаше да бидат разгледани во второ читање пакетот закони од областа на управување со отпад.

Од СДСМ сметаат дека блокирањето на законите е неосновано. Пратеничката од СДСМ и член на оваа Комисија Снежана Калеска Ванчева изјави дека на седницата јасно го кажале нивниот став дека поддржуваат и се залагаат што поскоро да бидат усвоени целиот пакет закони кои што се од областа на екологијата, бидејќи, вели, тие не само што се со европско знаменце, што значи дека транспонираат европски регулативи и директиви, туку се плод на широка дебата и дискусија и поради потребата која ја има нашата држава од конечно регулирање на начинот на кој што ќе се справуваме со отпадот и со заштитата на животната средина.

„Не сметаме дека има потреба од какво било одлагање и какви било дополнителни расправи затоа што овие закони се во процес на драфтирање од 2019 година, учествуваа сите засегнати страни, многу нивни предлози и забалешки беа вметнати и тие кога дојдоа до собраниска процедура, веќе сите бевме свесни што е и како е. На расправата која што ја имавме на Комисијата за европски прашања во прво читање никој не кажа дека има потреба од повторна јавна расправа, дека треба да го закочиме процесот, напротив сите беа за со тоа што како СДСМ поддржавме одредени амандмани од ДОМ за одредено подобрување и особено за точката за забрана за увоз на отпад, иако законот е подготвуван согласно Директивата на ЕУ, но ние заклучивме дека како држава не сме доволно спремни и немаме доволно изградени механизми за да имаме вистинска контрола на увозот на отпад“, вели Калеска Ванчева.

Таа дополни дека тој амандман го поддржале, а го прифатило и Министерството за животна средина и самиот ресорен министер. Во однос на барањето изнесено вчера од невладините организации да се одложи читањето на законите и да се одржи уште една јавна расправа, а законите да се носат по локалните избори, Калеска Ванчева оцени дека е нелогично.

Таа нагласи дека во СДСМ се изненадени што опозицијата ја доби поддршката од ЛДП двата закона да се симнат двата закона од дневен ред.

„ЛДП не даде објаснување зошто се приклучи кон опозицијата, ниту пак најавија дека ќе имаат спротивен став. Затоа и се одложи седницата. Ќе имаме дополнителни разговори. Но ние остануваме на ставот дека законите се спремни за носење и дека се во интерес на заштита на човековата околина, Тие добија позитивни оценки и надвор и внтаре во државата“, вели Калеска Ванчева.

Во следниот период очекува да бидат „испеглани работите" и дека ќе се продолжи со носење на законите.

Според ЛДП, апсолутно не станува збор за никакво надгласување, како и дека ги поддржуваат барањата на здруженијата на граѓани за организирање на јавна расправа по предлог-законот за управување со отпад.

„Како народни претставници мораме да носиме законски одредби кои ќе поминат низ една широка расправа во која ќе бидат опфатени сите засегнати страни. За нас е многу важна заштитата на животната средина и затоа сметаме дека е здраво за демократијата во Собранието да се слушне гласот на екологистите“, велат од ЛДП.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини пред почетокот на собраниската комисиска расправа на пакетот закони за управување со отпад изјави дека деновиве разговарал и имал средби со пратениците по што дошле до заклучок дека на комисиската расправа заедно со пратениците ќе направат измена за забрана на увозот на РДФ, бидејќи постои сомнеж, вели, дека не сме подготвени за соодветна имплементација на предвидената регулација.

„Овие закони со кои ги транспонираме европските стандарди во управувањето со отпадот воведуваат јасни и финансиски обврски за сите производители на отпадни производи, воведуваат циркуларна економија, селекција и рециклирање, предвидуваат современ и строг регионален систем за управување со отпадот со минимално количество на депониран отпад. Овој пакет закони беше изработуван со години со помош на национални и странски експерти, е јавно достапен од 2019 година и беше консултиран на многу средби, на три официјални јавни расправи со физичко присуство на претставници на локалната самоуправа, комуналните претпријатија, стопанската комора, невладиниот сектор и граѓаните, чии коментари и предлози беа разгледувани и прифаќани и се исто така јавно објавени. Овие закони се можеби едни од најдолго и широко консултираните со јавноста, а јас не пропуштав да ги презентирам во речиси сите мои јавни настапи и гостувања, вели Нуредини.

Денеска на предложениот дневен ред на Комисијата за европски прашања беа во второ читање повеќе предлог-закони од областа животна средина и тоа: Предлог на закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Предлог на закон за управување со отпадот, Предлог на закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Предлог на закон за управување со пакување и отпад од пакување и Предлог на закон за управување со електрична и електтронска операма и отпадна електрична и електронска опрема.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе