Германскиот амбасадор во земјава со порака

Со Франција се усогласуваме за политиката за Западен Балкан, вели Герберих

Германија и Франција соработуваат со години, се помируваат и соработуваат во рамките на ЕУ. Се усогласуваме во врска со политиката на Западен Балкан, а целта е заедничка – да овозможиме наскоро започнување на пристапните преговори за земјите од Западен Балкан, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих во Прилеп при денешната комеморација на Германските гробишта за загинатите војници од Првата светска војна.

„Постои тесно, блиско пријателство помеѓу Франција и Германија и ние тоа го покажавме тука по крајот на Првата и по крајот на Втората светска војна. Сфативме дека не сакаме никогаш повеќе да се повтори. Германија и Франција се соседни земји, Германците и Французите соработуваат, се среќаваат и оваа соработка постои со години. Двете земји соработуваат во рамките на ЕУ и се усогласуваме, едни со други, во врска со политиката за Западен Балкан. Помеѓу пријателите можно е да има различно мислење, но целта е заедничка, а тоа да овозможиме наскоро започнување на пристапните преговори за земјите од Западен Балкан и во однос на таа заедничка цел не постојат разлики помеѓу Германија и Франција. Во следниот период ќе водиме разговори на оваа тема, на различни нивоа во Брисел, во Париз, во Скопје и мислам дека заедно може да постигнеме многу добри резултати”, изјави Герберих.

На прашањето дали овој модел на соработка помеѓу Франција и Германија може да се примени во однос на релациите со Грција, ако се има предвид дека пријателство помеѓу двете земји се потпира засега само на еден договор, Договорот од Преспа, амбасадорот Герберих нагласи дека започнувањето на едно вакво помирување не треба да се стави на коцка.

„Ние се обидувавме да дејствуваме како модел за помирување, како на пример, помеѓу Грција и Северна Македонија и мислам дека овој пример за германско-француското помирување може да важи во целиот свет. Мислам дека треба да постои подготвеност за постигнување компромиси, сопствените интереси да бидат ставени на страна и тоа е она што ние се обидуваме секоја година одново да го покажеме. Со Преспанскиот договор сите страни тоа го покажаа, и грчката страна која е свесна за својата одговорност за овој регион и ја презема одговорноста. Мислам дека започнувањето на едно вакво помирување не треба да се стави на коцка”, изјави Герберих. 

МИА

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе