Aфера „Двојник“ или „Мафија“

Со две потерници за перење пари Елвис Влади влегува во МВР и без проблем добива македонски пасош

На 16 октомври 2018 година во 12.07 часот Елвис Влади, држајанин на Албанија, влегува во просторија од управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи, се фотографира, остава отпечаток од прст и утредента добива македонски пасош на име Селами Хоџа. На 19 октомври истата година и на 4 јули наредната со македонскиот пасош излегува од Македонија. Во тоа време по него веќе има две меѓународни потерници. Во преминувањето на границите и покрај потерниците сигурно не му помогнале службениците на МВР осудени за издавање пасоши во аферата „Двојник“, која опозицијата ја нарече „Мафија“.

Елвис Влади е баран за перење пари и трговија со кокаин со две потерници на Интерпол, една од Брисел и една од Будимпешта. На 25 јуни 2018 година албанската полиција објави заплена на 3,4 милиони евра во кеш скриени во две возила „тојота аурис“.

Белгиските и германските власти доставија голем број документи до Албанија, по што Елвис Влади (39) во Албанија беше обвинит за сериозен и организиран криминал. Обвинет беше и неговиот 33-годишен братучед Алфред Влади. Двајцата тогаш беа во бегство со потерница за основање криминална организација за перење пари.

Алфред и Елвис Влади

Во март 2019 година, околу девет месеци по исчезнувањето на Елвис Влади, Обвинителството за сериозен криминал во Тирана доби копија од договор (3 април 2018 година) меѓу Елвис Влади и Бледар Фејзо, претставник на германска фирма БХФ консалтинг за набавка на парцела на плажата Семан во општина Фиер на албанското крајбрежје. Семан е неразвиена зона на крајбрежјето, загадена од локалната индустрија за нафта. По сведочењето на германскиот државјанин Карло Ризато дека тој му ги дал парите на Влади, обвинителството го преквалификува делото и го обвини Влади за „непријавување на пари на граница при влез во Албанија”.

Според судските документи, Елвис Влади често патувал на релација Албанија – Белгија. Во 2015 година во Лондон беше упасена поголема криминална група, Албанци. По голема акција на лондонската полиција запленети биле 16 килограми кокаин. На обвинителна клупа за овој случај беше и Елвис Влади, кој по судењето во 2016 година беше прогласен за невин. Обвинителството не можеше да докаже на кој начин Елвис Влади ги пере парите од кокаин и како ги префрла во Албанија.

На 16 август 2017, братот и братучедот на Елвис Влади ја регистрираат фирма „Тирана рент а кар” која служи како покритие за пренос на пари добиени од трговијата со кокаин од Лондон, преку Белгија кон Албанија, каде се вложуваат во недвижности, пишуваат албанските медиуми. Оваа компанија користи само Тојота возила. Во случајов со две такви возила биле префрлани пари од кокаинот од Лондон во Албанија.

По Елвис Влади за време на вадењето на македонскиот пасош распишани биле две потерници по Интерпол, од Брисел и од Будимпешта за перење на пари.

Од македонското обвинителство нема информација дека е отворен случај против албанскиот државјанин Елвис Влади за употреба на исправа со фалсификувана содржина при премин на македонската државна граница. Нема информација и дека македонското обвинителство побарало размена на информации со албанското, британското, белгиското и унгарското обвинителство за случаите кои се водат против албанската нарко група чиј член е Елвис Влади.

А.Д.

Припадници на ИСИС со македонски пасоши слободно шетале по светот

Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош

 

Бобан Томовски, соработник на Седат Пекер, приведен на аеродромот во Истанбул

Седат Пекер преку видеопораки се пресметува со Турција и се фали дека бил пријател со македонскиот премиер

ВМРО-ДПМНЕ: Балкански мафијашки босови легално си добивале македонски пасоши со помош на Заев и Спасовски


Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе