„Со сила убавина не бива”

Со Бугарија нема напредок во атмосфера на блокади и уцени, вели Димитров

За вистинска блискост и вистински напредок во односите со Бугарија не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена, порача денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. 

На прес-конференцијата по потпишување на Меморандумот за трилатералниот проект за унапредување на дигитализацијата во Македонија, Димитров кажа дека односот со Бугарија се измести откако таа го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство, којшто вели дека Софија ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага, а најмалку пак ќе не блокира. Напротив, ние добивме  две вета и проблематизирање на македонскиот јазик. Според Димитров, нема напредок во атмосфера на уцена и потребна е заемна доверба и почит за напредок во дијалогот за сите прашања. 

„Во принцип Договорот за пријателство со Бугарија беше владите, политичките лидери да се бават со сегашноста и со иднината, а историчарите да се бават со историјата. Тоа што политиката може да го прави е да создаде поволна клима – општествата, академските кругови, членовите на комисијата за историски развојни прашања да разговараат слободно и отворено. Ние доживеавме две вета, доживеавме и проблематизирање на нешто што е многу внатрешно, нашиот јазик – македонскиот јазик на европско ниво и во таа смисла овие чекори го направија вистинскиот искрен дијалог многу тежок. Тоа е главниот проблем во овој момент. Ние ќе продолжиме да настојуваме тој проблем да го решиме. Колку повеќе ќе има доверба и почит кон другиот и прашањата што се важни за другиот толку полесно ќе оди дијалогот за сите прашања што се важни за двете страни”, рече Димитров.

Според него, големиот проблем за напредок и во разговорите околу историјата и во разговорите за другите теми за кои има разлики е атмосферата на уцена.

„И македонскиот народ и бугарскиот народ и многу други балкански народи имаат една изрека која што вели ‘со сила нема убавина’. За вистинска блискост и за вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Мора да има меѓусебна почит, мора да има поголемо разбирање на чувствителноста на другиот. Не може да се создаде блискост и пријателство без таква елементарна почит и никако не може да се создаде блискост и пријателства кога се уценува”, додаде Димитров.  

Според него, потребно е што побргу се вратиме во една позитивна атмосфера да обезбедиме за разликите да разговараме. 

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз на прашањето во врска со изјавата на новиот американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи Габриел Ескобар дека постојат и други начини да се реши ова прашање, без да се блокира европската интеграција на земјава, рече дека тој ја повторил американската политика за долгорочна вредност, односно поддршка за евроинтеграцијата на земјава. 

„Ние ја гледаме македонската иднина во ЕУ и ја потврдуваме важноста на разрешување на прашањата и се надеваме дека ќе продолжи до крајот на годината. Продолжуваме да разговараме со сите партнери, имаме разговор со Владата овде во Скопје, разговори со соседните земји и низ цела Европа да се погрижиме да направиме се што можеме за да го поддржиме движењето на процесот напред. Немам конкретна најава во овој момент, освен да потврдам дека САД ќе се вклучат во ова прашање и во разговорите затоа што сите ја делиме истата визија Северна Македонија да го заземе заслуженото место во Европа и во ЕУ и се надеваме дека тоа ќе биде бргу”, рече Брнз.  

Таа повтори дека не сака да шпекулира за некој план за којшто не слушнала и дека ова не е ситуација за САД директно да ја решава. 

 

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе