Се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ

Со Бугарија не се преговара за нов договор, ниту за јазикот и идентитетот, уверува Заев

Со Бугарија не се преговара за нов договор, туку се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ. Исто така, не се преговара ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот јазик, уверува премиерот Зоран Заев.

„Ние немаме преговори, ниту пак правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за делот на преговарачката рамка што ја носи Европскиот совет, значи одлуката е таму, не се одлучува нешто во Бугарија или во Северна Македонија“, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на првиот дел од експресниот пат Штип – Радовиш.

Тој повтори дека предлогот за кој се разговара во европските институции билатерално помеѓу двете земји е португалскиот и оти првичните реакции од бугарска страна не се негативни.

„И од наша страна рековме дека е добра основа и да му дадеме шанса на процесот затоа што за нас е важно тоа што го сфати цела ЕУ, а гледам го сфаќа и пријателска Бугарија – македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неприкосновени и за нив нема никакви разговори. Ова го соопштивме јавно, секаде и на сите состаноци во Брисел – додека е на маса или некој има намера да го стави на маса, за разговори и преговори, македонскиот јазик и македонскиот идентитет ние не преговараме. А сега гледате дека разговараме, значи ова прашање е тргнато на страна“, рече Заев.

Според него, неодговорните статуси на Фејсбук од страна на опозицијата и коментарите во јавноста, не ѝ носат добро на државата, а државата мора да чекори напред и да наоѓа решенија.

„Сме кажале дека е заедничка грижата за нашиот јазик и нашиот идентитет. Португалскиот предлог го имаат и опозициските партии, тоа сум сигурен и знам дека е така, драго ми е што не излегуваат детално да го коментираат, затоа што може да се нанесе штета, затоа што сѐ уште се разговара за предлогот, но дефинитивно јас ве уверувам дека нема нешто кое што би го загрозило нашиот интерес, односно може само да ја гарантира нашата европска иднина. За други дебати секогаш сум на располагање, а штом ќе заврши оваа фаза на разговори јас стојам на располагање да излезам на дебати со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

Во однос на тоа дали ја прифаќаме декларацијата на бугарското Собрание, тој јасно кажа дека не ја прифаќаме, повторувајќи дека португалскиот предлог води грижа и внимание и за двете страни и оти се надева на можно решение, без, како што рече, да ги подгрева очекувањата, бидејќи Бугарија има сѐ уште техничка влада.

„Навистина е неправда од 16,5 години чекање со кандидатски статус, тоа треба да е прво грижа на ЕУ, затоа што нашиот Западен Балкан нема друга алтернатива освен ЕУ. Ние продолжуваме со нашата европеизација, но би било добро и чесно да го одржат зборот, ни ветија и треба да испорачаат. Јас очекувам, 22 јуни е првиот мегдан, следниот е септември, два три месеци разлика тоа да се реши. Затоа што имаме многу други предизвици, мора да почнеме со скринингот на целото законодавство, веднаш после тоа да ги отвориме првите поглавја, ќе гледаме како ни се европеизира државата, тоа е наша децениска тенденција што сме должни да ја оствариме“, вели Заев.

Исто така, тој апелираше до бугарските раководни структури да го продолжат тоа што го испратија како порака дека се за поддршка на европеизацијата на Македонија и на целиот Западен Балкан, изразувајќи надеж дека ќе остварат меѓусебен контакт со техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе