На седница на Собранието на Македонија

Со 61 глас, без присуство на опозицијата, Зендели е разрешен од член на комисија

По неколкудневна расправа, а на самиот чин на гласање без присуство на опозицијата, со 61 глас за, без воздржани и без гласови против, пратеникот Фадил Зендели е разрешен од член во Комисијата за прашања на избори и именувања, со што владејачките партии го враќаат мнозинството во оваа комисија, како што тоа беше пред Движењето Беса, чиј пратеник е Зендели, да ја напушти власта и да замине во опозиција. Потоа, во име на опозицијата координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече: „Ова насилие во Собранието ќе ви се скрши од главата“.

„Ова разрешување е спротивно на деловникот и на Уставот, а притоа, демонстрирајќи надмоќ, не одговоривте на нашите уредно 400 доставени амандмани. Јасно е зошто не испративте до нас одговор, бидејќи во процедурата направивте грешка и потоа погрешно ја истеравте работата до крај. Не браниме одреден пратеник, туку наведуваме дека пратеник не е јавна функција именувана од Владата, туку се работи за народен избраник, за чија што функција може да се разговара и решава прво во Комисијата за избори и именувања, а не на пленарна седница. Ако беше според процедурата, немаше да можете да го разрешите. Вас ви треба мнозинство во Комисијата за да ги носите сите одлуки. Автократското однесување знаете кон што води“, рече Мицевски и побара пауза.

Претседателот на Собранието Талат Џафери сепак му одговори пред да даде пауза и рече дека рокот пропишан за одговор е три дена и дека дотогаш, кога ќе бидат разгледани амандманите и дека одговор ќе биде даден.

Џафери не даде пауза, туку ја прекина седницата, нагласувајќи дека во текот на денот ќе свика нова седница посветена на носење Резолуција во врска со нападот на Украина. 

Што се однесува до разрешувањето на Зендели, пратениците од владејачките партии во текот на расправата рекоа дека предлог - одлуката е во согласност со одредби во Деловникот кои налагаат пресликување на пратеничките места од партиите во составите на работните тела.

„Правило е секогаш парламентарното мнозинство да има претседател и мнозинство во Комисијата за изборите и именувањата. Фадил Зендели сам одлучи да го напушти парламентарното мнозинство. Доколку сте толку демократи, одважете се, тргнете еден ваш пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата и поддржете го Зендели да остане во таа комисија", рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски реплицирајќи им на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Работата на Kомисијата за избори и именувања со месеци не се свикуваше, поради што не се избраа нови уставни судии, членови на Агенцијата за медиуми и на Советот на МРТВ. Владејачките партии обвинуваа за блокада од опозицијата која во таа комисија има мнозинство, додека од опозицијата реплицираа дека предлозите не се доставуваат од страв да не бидат изгласани од страна на оваа комисија во која еден глас ѝ недостигаше на власта.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе