Прес-конференција на Алијанса за Албанците

Снопче: Пописот беше одложен за есенва со цел да спласне еуфоријата кај Албанците

Aлијанса за Албанците беше единствената партија која во март се спротивстави на одложување на пописот на населението за есенва и се потврди дека имавме право. Едноставно е, пописот се одложи за да спласне еуфоријата и мотивацијата на Албанците да се попишат. Дали некој е запознаен дека диајаспората од моментот на одложувањето комплетно го има игнорирано овој процес и не продолжи да се попишува? Значи, се докажа дека тоа беше политичка одлука преземена како одговор на тогашниот масовен интерес на Албанците да се попишат“, изјави пратеникот Халил Снопче.

Снопче рече дека како се наближува крајот на пописот, дека така на адресата на неговата партија се пристигнати многу поплаки од граѓаните кај кои не е пристигнат попишувач. Според него, тоа е скандал, бидејќи според законот теренските попишувачи се должни да доаѓаат во секое домаќинство.ж

„Станува збор за мрачно сценарио благодарение на ДУИ, постојаниот вазал во владата на Северна Македонија. Пред 11 години го прекинаа пописот и не дадоа ниту едно објаснување за јавноста. Сега го одложија пописот со цел да се манипулира со процесот, што некому му оди во полза, но е спротивно само на интересите на Албанците“, рече Снопче.

Пратеникот од Алијанса за Албанците нагласи дека Заводот за статистика треба да работи 24 часа на ден, без прекин со цел да не остане ниту еден граѓанин непопишан. Според него, на попишувачите не им се дозволува да попишуваат по 5-6 домаќинства на ден со образложение, како што рече, дека не работи серверот.

Снопче рече дека неговата партија бара Собранието под итно да свика седница и да се донесе измена на законот со која ќе се овозможат уште десет денови за да се завршат пописните операции.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе