Собрание на Македонија

Снопче: Алијанса/Алтернатива нема да ја поддржат интерпелацијата за Џафери

Пратеникот од Алијанса за Албанците  Халил Снопче денеска во Собранието изјави дека албанската опозиција нема ја поддржи интерпелацијата за претседателот на парламентот Талат Џафери, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. „Имаме многу забелешки за спикерот Џафери, но оваа интерпелација е неоснована“, вели Снопче.

“Употребата на албанскиот јазик од страна на Џафери не претставува основа за интерпелација против претседателот на Собранието. Како албанска опозиција имаме низа на причини да сакаме тој да биде разрешен од функцијата, но во конкретниот случај барањето е неосновано“, рече Снопче и нагласи дека прашањето за употребата на албанскиот јазик како официјален и рамноправен со македонскиот треба да биде затворено.

Тој нагласи дека забелешките на коалицијата Алијанса/Алтернатива се сосема спроввини на тоа што за јазикот го тврдат со интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

„Aлбанскиот јазик во Собранието е преведуван јазик. Ние, пратениците Албанци, не можеме само на албански јазик да поднесеме амандмани. Претедателот на парламентот материјалитте од министерствата често ги прима само на македонски јазик, па потоа ги преведуваат службите. Дипломатскиот кор е многу повнимателен, секогаш се обезбедува превод, покрај на македонски јазик и на албански јазик. Употребата на албанскиот јазик е биолошко право“, рече Снопче.

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери откако на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан" официјално се обрати на албански јазик што е спротивно на Уставот на државата, информираа пратениците Гордана Силјановска-Давкова и Димитар Апасиев.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе