Нов министер, нови началници

Смени во МВР, Чулев има право да смени 15 началници

Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи на техничката влада, има право на 15 нови назначувања на сектори, оддели и единици, и како што дознаваме тоа право ќе го искористи.

Се најавува дека деновиве ќе бидат објавени новите имиња за началници во секторите за внатрешни работи на Скопје, Велес, Битола, Струмица, Штип и Охрид. Новиот министер планира да именува и нови началници за организиран криминал, внатрешната контрола, специјални полициски операции, како и на единиците за интервентна полиција и за специјални задачи „Тигар“.

Според принципот на „пржинска влада“ актуелните началници стануваат заменици, а одлуките ќе се донесуваат само со врзани потписи. Овој принцип му дозволува на техничкиот министер да изврши и хоризонтални распоредувања за 10 отсто од вработените.

Министерот за внатрешни работи Чулев вчера најави и ревизија на сите нови решенија што неговиот претходник набрзина и во голем број ги додели пред изборот на новата техничка влада.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе