Влада

Сменети првите луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски и неговиот заменик директор Ариф Асани се на листата за разрешување предложена денеска од Владата. Нивното разрешување доаѓа непосредно по основањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Горан Николовски

Во новата Агенција за национална безбедност ќе има помалку вработени отколку што имаше Управата за безбедност и контраразузнавање. Вработените кои нема да ги поминат кадровскиот филтер ќе бидат распределени во МВР или во други институции.

Ариф Асани со Агим Нухиу од МВР

АНБ е формирана како резултат на реформскиот процес во безбедносните служби, како замена за УБК.

Прв директор на АНБ ќе биде Виктор Димовски, досегашен државен секретар во Министерството за надворешни работи. Димовски засега е единствениот вработен во АНБ.

Од 2007-та до 2009-тата година Димовски беше директор и на Агенцијата за разузнавање, со одлука на тогашниот претседател, Бранко Црвенковски.

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе