Службите го чуваат интегритетот на земјава, а НАТО го гарантира, смета министерот Спасовски

Безбедноста претставува сериозен предизвик поради случувањата со инвазијата на Русија врз Украина,  во моментов немаме индикации за влошување на безбедноста, а  службите работат во полн капацитет во однос на заштитата на територијалниот интегритет, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како одговор на новинарско прашање. Според него, НАТО ни ја гарантира безбедноста.

„Значењето на тоа членство во НАТО можеме да го увидиме сега, во моменти кога имаме еден ваков сериозен конфликт. Така што сите случувања на тој план треба да нè држат будни, како безбедносни служби, инаку овде немаме индикации за нарушување на безбедноста. Во однос на мигрантите пак, практично немаме зголемување на бројот на илегалните обиди во споредба со истиот период од минатата година“, рече Спасовски по отворањето на Научно-стручната дебата на тема „Јавната и приватна безбедност – преку координација и соработка до заедничка превенција на безбедносните ризици и закани", што се одржува на Филозофскиот факултет во Скопје.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе