По вчерашниот ЦО на СДСМ

Случајот „Рекет“ или завршување на мандатот беа пресудни Кирацовски и Ременски да не се веќе потпретседатели на СДСМ

По вчерашниот состанок на Централниот одбор на СДСМ Александар Кирацовски и Фросина Ременски не се веќе потпретседатели на партијата. Дали случајот „Рекет" им пресуди на овие двајца високи функционери на СДСМ?

„Мандатот на сите поранешни функционери заврши во период кога одлучивме да се реорганизираме во партијата. Секој од нив учествува во органите и телата на партијата. Реков, тие се членови на Централниот одбор на партијата, Фросина Ременски е член и на Извршниот Одбор на партијата“, одговоеи синоќа Зоран Заев, претседателот на СДСМ на новинарското прашање за смената на овие двајца потпретседатели.

„Имаме градоначалници кои се исто така преокупирани со извршната власт и треба да ја работат, како што е Шилегов, Благоја Бочварски, од поранешните... Фросина Ременски е потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, така што јас верувам дека овие нови освежувања се во духот на тоа што Социјалдемократскиот сојуз, отсекогаш го работел, доволно примамлив за нови кадри, но истовремено, и ние да бидеме фокусирани кон мотивација на нови кадри. Само така ќе ја менуваме партијата кон подобро и само така ќе бидеме попривлечни за поддржувачите на кои што буквално се продаваме преку нашите политики, барајќи ги нивните гласови за поддршка“, додаде Заев.

Сепак, Александар Кирацовски до неодамна беше генерален секретар на партијата, а на негово место сега е Љубомир Николовски.

Фросина Ременски и Александар Кирацовски беа најспоменуваните имиња од редовите на СДСМ за можна вмешаност во случајот „Рекет“. Кирацовски со наводната логистика што му ја давал на Бојан Јовановски во Битола, кај градоначалничката и кај бизнисмените. Токму бизнисменот од Битола, Сиљан Мицевски, од она што е досега познато исплатил најголема сума за проектите на невладината организација Меѓународен сојуз (на име на членка на Меѓународен сојуз, како авторски хонорар биле исплатени 720 илјади евра).

Фросина Ременска е еден од основачите на Меѓународен сојуз, а потоа избрана и за претседателка на сојузот. Дел од рекетирањето одело и преку оваа организација, со ветување дека Меѓународен сојуз преку општините ќе обезбеди земјиште и дозвола за градба за домови за пензионери, а бизнисменот треба за тоа да обезбедди пари за невладината и за 1ТВ.

Неофицијално, веќе била извршена проверка на можната и финансиска поврзаност на Кирацовски и Ременски со исплати од Меѓународен сојуз или од членови на оваа организација, но такви податоци не биле пронајдени. Сега се вршела некаква проверка од УЈП за можно несразмерно стекнат имот.

На Централниот одбор на СДСМ избрани се пет потпретседатели на партијата: Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири.

А.Д.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе