Финансирање на политичките партии

Сложни пратеници 3,5 милиони евра добиваат

Без бојкот и без стотици, илјадници амандмани Законот за финансирање политички партии завчера помина на Комисијата за политички систем со поддршка и од власта и од опозицијата. И сега до 31 декември ќе чекаат да им бидат вратени околу 3,5 милиони евра.

Со овој закон партиите си овозможуваат да им се вратат назад парите што им беа скратени со уредба со законска сила пролетта оваа година поради пандемијата, откако без многу врева и коментари изгласаа поврат на парите. Но, наместо целосен износ, сепак, се договориле да земат за 30 отсто помали суми отколку во 2019 година.  

Вкупните средства за годишно финансирање на политичките партии за 2020 година и за 2021 година се во висина од 0,105 отсто од вкупните приходи на буџетот, додека пред две години тие изнесуваа 0,15 отсто од Буџетот.

По коментарите во јавноста, се огласи Левица со изјава дека нивните пратеници не гласале „за“ законот.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека пратениците на Левица се единствените што, на вчерашната собраниска седница, не гласаа ЗА измена и дополнување на Законот за финансирање политички партии“, објави Димитар Апасиев на социјалните мрежи, но доби одговор дека „не гласале ПРОТИВ законот“.

Во изјава за „Плусинфо“ од Левица, сепак, објаснуваат дека државното финансирање на политичките партии има клучна улога во одржување на каков таков политички плурализам.

„Иако сегашниот модел, на малите политички партии им носи најмал процент од финансиите, сепак, тоа има и далеку поголемо влијание врз нивната можност да учествуваат и да се борат во политичкиот систем, односно да ги претставуваат интересите на нивните гласачи“, изјавиле од Левица.

Павле Трајанов од Демократски сојуз, пак, за 24Вести вели дека е против тоа државата да ги финансира политичките партии, не може државата да ја финансира медиумската кампања, имаме партиски институции кои ги финансира државата.

„Ни требаат помали партии, не треба државата да финансира, системот е така направен само големите партии да земаат од големиот колач. Демократскиот сојуз доби 6.000 евра за 2019 година за активност на партијата. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ добија многу пари. Не ни требаат партии од 200.000 членови, нека се финансираат самите, штом имаат толкаво членство. Двапати расправаме за Буџетот, главната активност на пратениците е контрола на трошењето на парите. Треба кога се креира Буџетот, да се дадат идеи“, вели Трајанов.

Инаку, предлагач на законот е Министерството за правда, а потпишан е министерот Бојан Маричиќ, како и премиерот Зоран Заев. Според Маричиќ, парите за партиите со овој закон се намалуваат за 30 отсто во споредба со претходните години кога немаше пандемија.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе