Словенечкиот претседател Пахор во официјална посета на Македонија

Претседателот на Словенија Борут Пахор денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана од шефот на македонската држава Стево Пендаровски.

Според најавите, предвидена е официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на платото пред „Вила Водно”.

Пендаровски и Пахор ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе одржат заедничка прес-конференција. Како што соопштија кабинетите на двајцата претседатели, Пахор во текот на денов ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе има и обраќање пред пратениците во законодавниот дом.

Напредокот на Македонија на нејзиниот европски пат и почетокот на преговорите за членство во Европската унија, билатералните односи и мултилатералната соработка, ќе бидат главни теми на разговорите на најавените средби.

Предвидено е Пахор да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

Словенечкиот претседателот утре ќе престојува во Охрид, каде што заедно со претседателот Пендаровски ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода – Охрид.

За време на посетата, Борут Пахор ќе биде придружуван од министрите за економски развој и технологија Здравко Почивалшек и за одбрана Матеј Тонин. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе