Утре и задутре

Словенечкиот претседател Пахор во официјална посета на Македонија

Претседателот на Словенија, Борут Пахор в петок и сабота ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана од шефот на македонската држава Стево Пендаровски.

Пахор, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се сртене и со премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе има и обраќање пред пратениците во законодавниот дом.

Главни теми на разговорите ќе бидат напредокот на земјата на нејзиниот европски пат и почетокот на преговорите за членство во Европската унија, билатералните односи и мултилатералната соработка.

Предвидено е Пахор да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје, по што ќе замине за Охрид каде што ќе се сретне со словенечките полицајци кои им помагаат на македонските колеги во обезбедувањето на границата.

За време на посетата, словенечкиот претседател ќе биде придружуван од министрите за економски развој и технологија Здравко Почивалшек и за одбрана Матеј Тонин.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе