По неколкучасовната средба во Клубот на пратениците

Следната седмица Заев и Гаши ќе ги продолжат разговорите

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши, по неколкучасовната средба во Клубот на пратениците изјавија дека конечните одлуки за влез на Алтернатива во Владата ќе ги донесат во органите на двете партии, и оти разговорите продолжуваат наредната седмица.

Заев, по средбата со Гаши, рече дека било разговарано за неколку проблематики, за кои останува за време на викендот да размислат и во СДСМ и во Алтернатива, но и кај партнерите од владината коалиција.

Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Продолжуваат разговорите следната седмица. Како нешто ќе утврдиме, така и ќе ја информираме јавноста, рече Заев.

На средбата, Заев, рече дека им биле соопштени условите под кои понатаму би продолжиле разговорите.

 Ние ќе ги информираме следната недела за нив. Сите треба да водиме грижа за европската иднина на земјата и тоа е можно ако имаме стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство. Можно идно соработување ќе биде дефинирано, токму врз програмски принципи. Како ќе ги разговараме и договараме, така и ќе ги соопштуваме, изјави Заев.

Разговаравме, нагласи Заев, за многу важни работи и секако треба да се вратиме во партиите, во СДСМ и Алтернатива, но и партнерите.

Се очекуваат отстапки од сите не само од СДСМ, туку и ДУИ и сите партнери во владата да прават отстапки. Одлуката на крајот од нив може да бида да влезат, а може и да биде да на влезат. Тоа ми е соопштено денеска на средбата. Но, одлуките се носат на органи на париите, изјави Заев по неколкучасовната средба со Гаши во Клубот на пратениците.

Заев информира дека разговарале, како што рече, за амбициозниот осврт на Алтернатива дека кај нив постои лочино поделеност дали да се влезе во Владата или не.

Логично е и за мене заради тоа што пред само недела дена беа во офанзива или определба да се собори оваа Влада, односно ДУИ како што тие го кажуваа, но дефинитивно одговорноста пред државата ги исправува да бидат отворени дебатите и во органите и во телата на Алтерантива за идното нивно вклучување или опстојување како опозиција. Од тој аспект и СДСМ, а и сите други наши партнери ќе треба да ги разгледаме тие важни аспекти за коишто денеска разговаравме.

Заев истакна дека одлуката на крајот од нивна страна може да биде да влезат, може да биде и да не влезат.

Тоа ми е соопштено денеска затоа што е логично дека разговараат и со своите досегашни партнери, односно тоа е Зијадин Села – АА и Христијан Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ, но одлуките се носат како во СДСМ така и во Алтернатива и во другите партии на органи и тела на партиите, заклучи Заев.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по денешната средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, рече дека имале отворена дискусија за тоа како мнозинството ја гледа Алтернатива, но дека за двете опции кои се пред нив – поканата за членство во Влада или да остана опозиција, ќе дискутираат на органите на партијата врз основа на аргументи. Имавме отворена дискусија и јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите нас, изјави Гаши.

Алтернатива, нагласи Гаши, имајќи ја предвид сериозноста на политичката ситуацијата во земјата, има обврска да го види концептот на Заев на кој начин може да се надмине оваа криза и како мнозинствотото гледа на Алтернатива.

 Како претседател на Алтернатива, јас имам обврска да ги разгледам двете опции. Првата опција е приклучување на парламентарното мнозинство, а втората опција е да продолжиме со опозицијата. Двете опции ќе ги дискутираме на органите на партијата врз основа на аргументи, што е подобро за интересот на земјата, граѓаните, Албанците и секако на Алтернатива, изјави Гаши.

Прашан колку за Алтернатива е прифатливо учество во Владата со нов мандатар, вели дека не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на СДСМ.

Во моментов премиер и претседател на СДСМ и на владата е Зоран Заев. Нормално, ние разговараме со него и очекуваме кој и да е наследник негов во двете позиции да продолжи континуитетот на тоа што сме го разговале денеска и порано и во иднина. Ние мислам дека не е принципиелно да разговараме кој би бил мандатар и како би требало ние да се однесуваме во однос на него, ние ќе ги почитуваме одлуките на таа партија како што очекуваме и СДСМ и сите други партии да ги почитуваат одлуките кои ги носи Алтернатива внатре во своите партиски органи, рече Гаши.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе