Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Славески: Владата донесе антикризeн пакет, а нема мерка за сузбивање на епидемијата

Од лично искуство знам дека колку е поголем бројот на мерки, толку е помала нивната ефикасност, а таканаречениот Петти пакет на Владата е обемен и содржи 29 мерки, без детални анализи и вистински мерки за помош. Вака својата анализа денеска на прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ ја започна поранешниот министер за финансии Трајко Славески. Притоа нагласи, дека сепак е потребна уште една мерка, која е и најважна - сузбивање на епидемијата со ковид-19 во што е можно покус рок.

„Владата требаше да се обврзе дека до крајот на јули оваа година ќе обезбеди вакцини за најмалку милион граѓани на Република Македонија, односно најмалку два милиони дози од истите. Без ова, попусто се трошат скапо позајмени пари од надвор, што ќе се враќаат со уште повисоки каматни стапки во иднина.
Наместо ова, за да се сврти вниманието на јавноста од катастрофата што ни се случува со над 3.000 починати наши сограѓани заклучно со вчерашниот ден, повторно се наметнаа прашања околу етничкото пребројување и обележување! Ова мора да престане. Пописот мора да се одложи за нааредната година", рече Славески.

Според Славески, вкупниот обем на претходните мерки изнесуваше околу 3,5 проценти од БДП, што е трета најмала вредност во Европа, а состојбите на пазарот на труд се влошија па бројот на вработените се намали за над 25 илјади лица.

„Падот на Бруто домашниот производ во Вториот квартал од 2020 година е поразителен, иако нашата земја не спаѓа во групата земји во кои туризмот игра значајна улога во создавањето на БДП, како што се медитеранските земји, Хрватска и Грција на пример. Имено од 38 економии за колку што постојат податоци, 9 имаат повисок пад на БДП од Македонија во вториот квартал на 2020 година, а 28 земји помал", рече тој.

Славески оцени дека мерките се неколку месецци задоцнети, а дел од нив се само препишани од претходните пакет мерки, без соодветна реализација, што според него говори за низок капацитет на Владата. Нема причини да не веруваме дека и овојпат според обемот на средствата за помош на економијата ќе се најдеме на дното во Европа, нагласи поранешниот министер.

„Мерката број 1 за директна поддршка на претпријатијата за исплата на плати повторно како услов поставува пад на приходите од минимум 30%. Голем дел од претпријатијата се приспособија на ново настанатата ситуација. Ваквиот критериум можеби беше валиден во мај 2020 година но, сега би требало да се спушти на 15% пад на приходите во соодветниот период", оцени Славески.

За втората мерка за бескаматни кредити преку Развојната банка која е за целна група која во изминатата година настрада најмногу, рече дека им се забранува да користат субвенција на плата ако користат кредит од таа банка. Во исто време, додаде, на дел од овие дејности им се забрани да работат, а само делумно им се покриваат трошоците, иако имаат и дополнителни како што се режиите.

Славески го постави прашањето кој ќе одлучува и дали ќе има јавно објавување на тоа кои компании ќе добијат неповратен дел на кредитот, а во тој контекст додаде дека е ниска предвидената помош за занаетчиите. Според него, нема јасна методологија во однос на поддршката на извозните компании, ниту пак има детална анализа за извозниот сектор и царинската политика.
Според Трајко Славески, Владата всушност само купува време и нема визија како да реализира помош.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе