Слави Трифонов: Заев во Софија се сретна со небитни луѓе

Република Северна Македонија не може да ги започне преговорите за членство во ЕУ без да го исполни потребните услови, изјави денеска лидерот на бугарската партија „Има таков народ", Слави Трифонов.

„Се додека Бугаринот не е спокоен во однос на неговата историја, што претставува и Република Северна Македонија, нашето мислење ќе биде исто како и на сите Бугари“, изјави на предизборен собир со студенти во Пловдив, Трифонов, чија партија според последните анкети е најголем фаворит за победа на предвремените избори во Бугарија на 11 јули.

Коментирајќи ги денешните средби на премиерот Зоран Заев со лидерите на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов и на Бугарската социјалиситчка партија (БСП), Корнелија Нинова, Трифонов истакна дека требало прво да се сретне со претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Стефан Јанев, а не со претседателите на овие две партии, кои според него се „небитни луѓе“.

Премиерот Заев денеска во Софија имаше средби со бугарскиот претседаел Радев, премиерот Јанев, како и со лидерите на ГЕРБ и БСП, Борисов и Нинова. На прес-конференција по средбата со Јанев, премиерот Заев рече дека планот бил да има средби со претставници на четирите најголеми партии во Бугарија, но се одржале средби само лидерите на две од нив, додека другите две неможноста за средба ја оправдале со предизборни активности. 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе