СКСЗМ и ДУИ ги соочија своите економски видувања за локален развоj

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во рамки на средбите со политичките партии, денеска одржа работна средба со раководството на Демократската унија за интеграција, на која беа претставени економските платформи од двете страни.

На оваа средба беа присутни претседателот на Комората Неби Хоџа и други членови на Управниот одбор, додека од ДУИ присутни беа претседателот Али Ахмети заедно со министри и кандидати за градоначалници на овие избори.

„Целта на состанокот беше да се слушнат потребите и барањата на бизнисот со цел тие барања да се интегрираат во платформите на политичката партии, во овој случај платформата на ДУИ. СКСЗМ продолжува да ги штити интересите на бизнисот во земјата, лобирајќи и инсистирајќи за правата на бизнисот како столб на општеството во земјата да бидат земени предвид и да се создаде поволна клима за водење бизнис“, се вели во соопштението од оваа Комора.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе