Заев информира

Скршени столови, наслони, тапацир, украсни лајсни, дупки од догорчиња... „Шверцерите“ направија штета од 4.000 евра

Штетата што ја направија навивачите „шверцери“ при прославата во МНТ е речиси 4.000 евра, информираше премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова. Заев најави и дека ќе има  одговорност и за тие што ја направиле штетата, но и за институциите.

Според Заев, поголема штета од материјалната е духовната штета, бидејќи националниот театар е отворен за сите, но се знае под какви услови.

„Столови, наслони, откорнат тапацир 5 парчиња, ногарки 155 парчиња, вкупна штета 3.000. Плус парапет на прва галерија и украсни лајсни 10 метра, 240 евра. Орнаментни бордури, 200 евра, пет искршени подни светилки, теписони, дупки од отпушоци, 400 евра. Вкупната штета е 3.965 евра. Не смеат ниту материјалните, ниту духовните добра да бидат допрени, оштетени или омаловажени. Во таа сала сакаме да видиме култура, уметност. Ќе се утврдат поединечните одговорности“, изјави Заев.

Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ, која го постави прашањето за штетата и за тоа кој ќе понесе одговорност, по добивањето одговор од премиерот, рече дека ако е точна материјалната штета, тоа значи дека не се во право членовите во Владата Бујар Османи и Арбр Адеми дека Денот на албанската азбука бил само гласно славен.

Манаскова побара да ѝ биде доставен договорот што е потпишан од директорката и од тие што го побарале објектот за настанот. За неа е спорно и тоа што директорката на МНТ е дел од работната група, таа праша дали со работната група се одолжува решавањето на скандалот и рече дека некој веќе требаше да понесе одговорност.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе