По осум месеци пауза

Скопје најавува, Софија вели уште нема согласност за средба на Заедничката комисија во септември

По осуммесечна пауза, Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања би можела да се состане во септември доколку дозволи ситуацијата, односно здравствените услови поради коронавирусот и во двете двете земји.

Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров

Засега нема конкретен договор за наредната средба, но шефот на македонскиот тим во Комисијата, историчарот Драги Ѓоргиев, вели дека има електронска комуникација со колегата од Бугарија, шефот на бугарскиот тим Ангел Димитров, и дека „има разговори за средба во септември, ако дозволи ситуацијата“.

„Ние сме во контакт. Начелно сме за во септември, ама со извесна резерва, во зависност од здравствените услови и кај нас и кај нив. Од бугарска страна има расположение за тоа“, вели Ѓоргиев во изјава за МКД.мк.

Наредната средба, според распоредот, треба да се одржи во Скопје, но ако не дозволуваат условите, Ѓоргиев не исклучува онлајн-средба. Тој повторува дека разговорите на Комисијата не се прекинати, туку се правеше пауза поради изборите.

Од друга страна, од бугарскиот тим во Комисијата, пак, велат дека не добиле ништо официјално од колегите од Скопје.

„Колегите од Скопје велат ‘евентуално би имало средба во септември, ако дозволат условите со коронавирусот‘. Не сме добиле ништо официјално. Колку што знам, последното писмо од професорот Ѓоргиев беше во таа смисла, па така, сѐ уште начелно нема согласност за средба во септември“, изјави членот на бугарскиот тим Наум Кајчев за МКД.мк.

Според Кајчев, „колегите од Република Северна Македонија треба прво да се согласат, да им пишат официјално, а не преку медиуми, па потоа да ги утврдат деталите за средба во Скопје“.

На наредната средба, која евентуално би се одржала во септември, ќе се продолжи со расправа онаму каде што застанаа членовите на Заедничката комисија во ноември лани. Тоа значи дека ќе продолжи дискусијата за учебниците и за Гоце Делчев. Тоа се темите, вели професорот Ѓоргиев. И нова тема нема да се отвора додека не се затворат овие.

Инаку, последниот состанок на Комисијата се одржа на 28 и 29 ноември 2019 во Софија и тогаш, како што рече Ѓоргиев, тимовите на двете земји решиле неколку месеци да не се состануваат додека трае предизборниот период, откако во октомври беа најавени предвремените парламентарни избори за април 2020.

Покрај учебниците за седмо и осмо одделение, на последните три средби тема беше и заедничкото чествување на Гоце Делчев, што ги отвори и различните позиции на двете страни, кои, се чини, се непомирливи. Во однос на наоѓањето решение, Ѓоргиев подоцна кажа дека е умерен оптимист, нагласувајќи дека работата на комисијата не би сакал да ја врзува со политиките на двете држави.

Во однос на периодот по 1941 и дали постои Македонија, рече дека за тие периоди е доста пишувано во историографиите на двете земји и тука не станува збор, како што рече, дали постои или не постои Македонија.

Кратко време по последната средба на Комисијата, шефот на бугарскиот тим, Димитров рече дека работата на Комисијата била еднострано прекината од македонска страна со образложение дека треба да се одржат предвремени избори за четири месеци. „Тие практично одбиваат да се среќаваме и да разговараме“, кажа тогаш Димитров.

Ж.П.Б.

Легенда под Главна слика

Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе