Еврокомесарот за проширување со порака

Скопје и Тирана досега одеа заедно на европскиот пат, сега може и да се раздвојат, најавува Вархеји

Доколку продолжи бугарската блокадата на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, Брисел би можел да ги раздвои Македонија и Албанија и да ги почне пристапните преговори со Тирана, иако досега процесите за двете земји одеа заедно, најави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.

Тој за „Еуроњуз“ вели дека ако продолжи застојот во случајот со С Македонија, ќе се разгледа можноста Албанија сама да продолжи на европскиот пат.

„Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за обострано прифатливо решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање“, рече Вархеји.

За тоа дали формалното „раздвојување“ е опција, тој одговори: „Да, тоа би можело да биде опција“.

Можноста за раздвојување на Македонија и Албанија, Вархеји ја најави и за време на посетата на Скопје во вторникот.

„Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност. Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија, мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји“, рече Вархеји на прес-конференцијата во Скопје.

За разлика од Вархеји, некои земји членки на ЕУ како Германија и Австрија отворено се изјаснија против можноста да се разделат Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, поради бугарската блокада кон Скопје.

Вчера и премиерот Зоран Заев кажа дека Скопје и Тирана треба да одат заедно кон ЕУ.

„Треба да се движиме заедно, меѓусебно ќе си помагаме во целиот овој процес“, рече Заев и порача дека ЕУ дека е исправена пред сериозен одговор, какви европски вредности и какви пораки ќе испрати кон Северна Македонија, кон Западниот Балкан, но и кон граѓаните на Унијата.

Заев побара од Брисел да си го одржи ветувањето и да го испорача тоа што земјава го има заслужено.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе