Скендер Реџепи се повлекува од координатор на пратеничката група Алтернатива/Алијанса за Албанците

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи денеска на својот фејсбук-профил објави дека се повлекува од координатор на пратеничката група на Алтернатива/ Алијанса за Албанците, и за тоа утре ќе го извести претседателот на Собранието Талат Џафери.

Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучуваме кон извршната власт и парламентарното мнозинство, утре и официјално ќе го информирам претседателот на Собранието на Северна Македонија, дека се повлекувам од функцијата координатор на пратеничката група Алтернатива/ Алијанса за Албанците, напиша Реџепи.

Дејствувањето на пратениците на Алтернатива, вели тој, ќе се решава согласно новиот договор за парламентарно мнозинство.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе