„Скапа струја, сиромашен народ”-ВМРО-ДПМНЕ повторно протестираше

Со едночасовна блокада на крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го одржа вториот протест со барање од власта да ги прифати нивните барања – враќање на старата цена на струјата и оставка на членовите на РКЕ.

Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски рече дека се обиделе, но барањата не можеле да ги достават до РКЕ, бидејќи биле пречекани со затворена врата. Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ останува на улица и ги повика сите граѓани и здруженија да им се приклучат.

„Оваа битка не е е само наша, ова е битка на секој еден граѓанин. Мора да го слушнат нашиот глас, бидејќи само така сите сме посилни. ВМРО-ДПМНЕ нема да престане, туку ќе се здружува и сплотува со многу граѓански организација и здруженија и сите граѓани кои сакаат да победи правдата”, изјави Мисајловски.

Нивните следни чекори, како што кажа, ќе зависат од власта, ако таа има слух и тие ќе ги променат одлуките за протести, но и дека ќе ги искористат сите демократски алатки да се борат да бидат слушнати барањата на народот.

„Ние сите алатки ќе ги употребиме. Демократијата значи да зборуваме во Собранието. Да знаат сите граѓани за што се бориме, но не може еден месец да чекаме милост од Талат Џафери и оваа власт да влеземе во Собранието. Затоа ова е демократски чин”, изјави Мисајловски.

Протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Скапа струја, сиромашен народ” започна од пред Министерството за правда, а заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе