ЌЕ СЕ ПОДНЕСУВААТ ОБВИНЕНИЈА ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОВ

СЈО завршило десетина истраги, осомничените не ги примаат поканите за распит, или се болни или се во странство

Специјалното јавно обвинителство завршило поголем број од истрагите што го води за отворените случаи, а повеќето од осомничените веќе добиле известување за завршените истраги. На оние осомничени што се во странство, известувањата треба да им пристигнат деновиве, дознаваме неофицијално од извори блиски на СЈО. 

Титаник, Тврдина, Труст и Тифани се случаите за кои, според нашите информации, се завршени истрагите. Денеска во СЈО се повикани сите осомничени во случајот Талир, но засега во СЈО се појави само Емил Димитриев кој дојде во придружба на адвокатот Никола Додевски и е еден од оние што уредно ги примиле поканите. Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Илија Димовски и Леко Ристоски не ги примиле поканите.

Во случајот Талир осомничени се 14 лица дека сториле кривично дело – перење на пари и други приноси, од казниво дело по член 273 став 5 вв став 1 од КЗ, при што 11 лица се осомничени како директни извршители, додека две лица се осомничени како помагачи за истото кривично дело и првиот осомничен е партискиот лидер.

Во изминатиот период биле преземени вонредни напори за навремено испраќање на поканите, но СЈО е соочено со невидени опструкции, одбивање да се примат поканите со цел да истече рокот. Притоа се користат и извртуваат разни процесни одредби заради манипулации.

Според нашите информации, голем број од осомничените бараат одложување на распитот, иако не доставиле докази за спреченост во предметниот период и најважно, голем број од осомничените токму сега патуваат во странство.

Против четворица поранешни високи владини функционери се води истрага и во случајот Траекторија, и за нив постои основано сомнение дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања и му нанеле штета на буџетот на РМ во износ од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата – изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

Од доказите кои се обезбедени во досегашниот тек на постапката произлегува основано сомнение дека четирите службени лица во постапката за избор на компанија која ќе ги гради автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, покрај тоа што ја одбегнале примената на Законот за јавни набавки постапиле спротивно и на условите поставени од Кинеската влада и кинеската „Ексим банка“ како заемодавач.

Инаку, до поднесувањето обвинение за осомничени има период во во кој осомничените треба да бидат на распит, но дел од нив одбиваат да ги примат известувањата со разни оправдувања и, веројатно се надеваат да истече рокот од 18 месеци за доставување обвиненија, кој завршува на 30 овој месец.

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе