Основен суд Скопје 1

СЈО во судот дојде со 1.560 докази за Труст, меѓу нив и разговор на Груевски

На денешното продолжение на судското рочиште за Труст обвинителите на Специјалното јавно обвинителство презентираа 1.560 материјални докази.

Меѓу доказите, има и три прислушувани разговори од кои два се меѓу поранешниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски и поранешниот генераленн срекретар на Владата Кирил Божиновски водени на 6 октомври 2011 во два наврати. Ова се дел од необјавените разговори. Има и разговор помеѓу Чинговски и поранешниот премиер Никола Груевски воден на 3 август 2011 година. Меѓу материјалните докази има и документација одземена од подружницата на РЕК Битола врз основа на која ѝ биле исплаќани парични средства на Трансмет, фактури приложени при јавната набавка за која нема евиденција во документите на Трансмет. Има и докази за бројот на вработени лица во обвинетите фирми, докази за блокирање на сметките на Трансмет, а кои се однесуваат на карјното салдо на фирмата, книговодствени картици за начинот на кој се вршени уплатите од АД Елем, докази одзмени од Трансмет...

Одбраната на обвинетите пред судот приговараше дека доказите не им биле доставени во читлива форма за да можат да се изјаснат за кои докази ќе бараат да не се изведуваат.

Адвокатката Сања Алексиќ на судот му забележа дека СЈО изведува огромна документација за мал временски период и на тој начин само трча низ доказите.

Судијката Лидија Трајковска Зимбовска ѝ укажа на одбраната дека веќе имала доволно време да ги разгледа сите докази и дека начинот на кој СЈО ги зоведува доказите и судот ја води постапката не е трчање низ доказите, туку е законски запазен редослед.

Во текот на денешното рочиште треба да се сослуша и сведокот управител на фирмата „Силкес неметали“ кој веќе 5 часа чека пред судницата.

Сопственикот на Трансмет, првообвинет во овој случај, Сеад Кочан, мирно и со бројаница во рака го следи судењето.

К.Д.   

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе