Новиот рок е 16 јули

Сѐ уште ништо од „метлата“ за директорите, Заев и Ахмети прават анализи за секој директор

Одамна најавената смена на директори на јавни претпријатија, дирекции, комисии, фондови  и државни агенции нема да биде соопштена денеска. Пред четири дена премиерот Зоран Заев изјави дека денеска ќе биде соопштена листата на дваесетината директори и заменици-министри кои ќе бидат сменети. Вчера Заев пак ја одложи „метлата“.

„Се уште не сме подготвени за такво нешто“, изјави вчера премиерот одговарајќи на новинарско прашање дали денеска ќе бидат соопштени листите со имињата на оние кои ќе бидат сменети. Сѐ уште се разговара со кандидатите, појасни Заев.

Вицепремиерот Бујар Османи, пак, вели дека ДУИ прави анализа за работата на секој директор и дека во нивната партија ќе почне длабок процес на реформирање.

„Овој процес сѐ уште не заврши. Дебатираме во партијата во однос на овој аспект, но и со коалицискиот партнер за да ги пополниме местата. Така што, во моментов нема нешто конкретно. Разговараме. Кога ќе имаме конкретни имиња или промени, јавноста навреме ќе биде информирана“, изјави Османи.

Новиот рок за соопштување на имињат на функционерите од вториот и третиот ешалон од листата за операцијата „метла“ е 16 јули.

Очигледно е дека коалициските партнери СДСМ и ДУИ имаат проблем со ускладување на имињата на оваа листа. Слично беше и при реконтрукцијата на Владата, кога на пример сите очекуваа смена на министерот Садула Дураку, кој денес е и министер и вицепремиер.

Неофицијално, Васко Ковачевски наместо директор на РЕК Битола треба да биде назначен за прв човек на АД ЕЛЕМ, а на негово место да дојде неговиот заменик и претседател на СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски. Се очекуваат нови имиња и за Македонија пат и Агенцијата за странски инвестиции.

Вчера генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски имал средби со помалите коалициски партнери, кои исто така учествуваат во распределбата на овие места.

ТВ21 објави листа на  директорите од редовите на ДУИ кои има шанса да бидат сменети: Вулнет Адеми – директор на Агенцијата за странски инвестиции. Ејуп Рустеми- директор на „Македонска пошта“, Гајур Кадриу – директор на „Македонија пат“, Ирфан Асани – директор на „Македонски железници“, Бардил Насуфи – директор на Бирото за јавни набавки, Хулуси Беќири – директор за Управата за задолжителни резерви на нафта, Руфат Хусеини – директор на Државниот инспекторат за транспорт, Шкодране Дардишта – директорка на заеднички служби во Универзитетски клинички центар...

Премиерот најави дека ќе бидат сменети од 20 до 25 директори.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе