Една недела пред закажаната собраниска седница

Сѐ уште нема договор меѓу власта и опозицијата за измените во Законот за ЈО

Нема закажано нова, а и од досегашните средби на работните групи на власта и опозицијата за измените во Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и иднината на Специјалното јавно обвинителство, барем засега нема никаков резултат.

Предвидено беше разговорите на работните групи да продолжат неделава, но засега нема таква најава. Позициите на двете страни остануваат непроменети. Последната нивна средба се одржа во јули.

Опозицијата не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту пак тоа ново обвинителство да биде предводено од Вилма Русковска.

Неразјаснета е и темата за истрагите отворени по 30 јуни 2017 година, за кои опозицијата предлага да бидат преземени од државниот обвинител, додека власта смета дека обвинителите од СЈО треба да продолжат да работат на предметите.

Собраниската седница за предлог-законот е закажана за 27 август, кога и завршува колективниот одмор на пратениците. За законот е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од 80 пратеници.

Меѓународната заедница е едногласна во барањето до властите во Македонија во врска со случајот „Рекет“ да покажат на дело дека во земјата има владеење на правото и дека правната држава функционира, а законот за обвинителството е исклучително важен за одлуката за доделување датум за преговори за членство во ЕУ, што се очекува да биде даден во октомври.

Почетокот на преговорите со Унијата, но и официјалното членство во НАТО и економскиот фактор се причините поради кои власта не сака да оди на предвремени избори, на кои опозицијата инстирира и како што најави ќе го зголеми притисокот врз Владата оваа есен.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе