На средба со Тодоров, Богојески и Александрова

Сите закани во ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престанат, порача Жозеф Дол

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, по Конгресот во Хелсинки, имал средба со поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески, поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и поранешната членка на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Емилија Александрова, кои беа на Конгресот како гости на лична покана од Дол. 

По средбата Дол на својот Фејсбук профил објави фотографија и напиша дека ги поканил за да разговараат за загрижувачката ситуација во партијата која е членка на ЕПП по, како што вели, санкциите преземени против оние кои кои гласале за пристапување кон уставни измени што се неопходни за спроведување на Преспанскиот договор за промена на името. 

„Сите закани мора веднаш да престанат”, пишува Дол. 

Во објавата на Фејсбук, тој пишува и дека е свесен за начинот на кој е постигнат догоорот, но и дека верува оти Договорот претставува значаен чекор кон остварување на евроатлантските аспирации на македонските граѓани. 

„Што е уште поважно, а јас секогаш бев многу јасен во врска со фактот дека ЕПП ги охрабрува своите членки кога се во опозиција да играат конструктивна улога во парламентот, со цел да ги одбранат нашите вредности и да ја држат владата одговорна за своите политики”, пишува Дол. 

Тој уште порачува дека „сите членки на ЕПП мора целосно да спроведат внатрепартиска демократија, да ја почитуваат слободата и правото на сопствено мислење и да ги бранат вредностите и принципите на ЕПП, вклучувајќи и силна проевропска посветеност”. 

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе