БЕГАЛСКА КРИЗА

Сите војски од регионот се на своите граници

Безбедносниот ризик од бегалската криза веќе сите држави од регионот го прифатија како врвен приоритет и така и дејствуваат. Во нашето соседство веќе нема држава што не ја извадила (или веќе планира тоа да го стори) војската од касарните и ја распоредува по границите.

И не само во регионов. Ако тргнеме од север, последната што го стори тоа е Швајцарија. Од вчера швајцарската влада мобилизираше 2.000 војници што за 48 часа ќе може да бидат распоредени по границите како засилување за граничната полиција од можниот прилив на голем бран бегалци.

Претходно своите војници на границите со соседите веќе ги распоредија и Австрија и Словенија и Хрватска.

Во Србија веќе е ангажирана една бригада од армијата на границата со Македонија поради опасноста од илегални поминувања и сечења на жичената ограда.

Во Албанија, само што почна можното отворање на тој т.н. албански коридор за бегалците (од Грција, преку Албанија за Италија), 200 припадници на албанската армија веќе се на терен. Албанската војска е распоредена во областа Врвник и Билишта за заштита на границата со Грција. Војската патролира и до македонските села во Албанија - Пустец и Туминец. Распоредувањето на албанската војска се прикрива, а официјалното образложение е дека се спроведуваат активности за уредување на капацитетите за прием на мигранти кај Ѓирокастро.

Бугарскиот парламент ги изгласа законските измени не само за распоредување на војската на границите, туку и за зголемување на надлежноста на армијата за време на престојот во граничниот појас.

Грција одамна се подготвува да прогласи вонредна состојба, со што и легално би се покрило излегувањето на војската од касарните. Последната нивна одлука е да се почека на одржувањето на минисамитот меѓу ЕУ и Турција на темата бегалци, да се види договорот и очекуваните резултати од тој договор, па дури потоа да се одлучува дали да се праќа армијата на север.

Во Грција на разни локации во моментов се наоѓаат околу 25.000 бегалци. Синоќа во Пиреја се истоварија неколку ферибродови со вкупно нови 1.200 лица бегалци и мигранти. Ова претставува сериозен удар за економската и безбедносната ситуација во Грција.

Македонската војска, пак, од август минатата година е на јужната и северната граница, без поголеми овластувања.

А.Д. 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе