Афера „Двојник“ или „Мафија“

Сите полиции бркаат наркодилери, македонската им дава пасоши со украдени идентитети

Српската, хрватската, албанската, француската, италијанската, словенечката, перуанската, колумбиската, црногорската, швајцарската, американската, германската... полиција организираа потери, акции, следеа, воведуваа посебни истражни мерки, разменуваа информации, распишуваа потерници по разноразни криминалци, разбојници, шверцери, наркобосови, терористи, убијци..., а македонската полиција им издаваше македонски пасоши со украдени идентитети, со кои без проблем ги минуваа границите и си продолжуваа со својот „бизнис“. Вака накратко може да се опише актуелната афера „Двојник“ или „Мафија“, за која во Македонија досега пресуда е донесена само за девет службеници на МВР. Истрагата е во тек, велат надлежните.

Во неколку продолженија МКД.мк врз основа на обвинението за аферата „Двојник“ и со мало пребарување на интернет објави неколку продолженија за тоа кој сѐ од јуни 2017 до февруари 2021 година добил македонски пасош.

Во текот на истрагата во Македонија утврдено е дека биле издадени 215 фалсификувани македонски пасоши, од кои засега се познати идентитетите на педесетина. Знаеме дека се работи за издавање македонски пасоши на сериозни криминалци, шефови на големи наркокартели, банди, кланови, убијци, разбојници, познати бандити, но не дознавме кој од повисоките ешалони од македонската власт е замешан во сето ова. Фатени и осудени се 11 лица, 9 службеници вработени во МВР, кои сето ова го спроведувале, фотографирале, запишувале, земале отпечатоци од прсти, се потпишувале на формуларите и на светските бандити им ги издавале новите документи со украдени идентитети на македонски државјани, кои со години не доаѓале во државата.

По брза постапка сите го признаа делото и уште побрзо беа осудени на максимална казна од три години затвор, а некои дури и условно ако во наредните три години не сторат друго кривично дело. Никој не беше осуден за заработени пари од криминално дело. А самиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски официјално изјави дека ваков пасош се купувал во просек од 5.000 до 20.000 евра. Еве, да ја земеме минималната цена од 5.000 евра за еден пасош, тогаш за овие 215 фалсификувани пасоши се свртеле повеќе од еден милион евра. Минимум. Каде се тие пари? Кој ги заработил? Кој си ги поделил? За ова во обвинението нема ни збор.

Нема збор ни за раководните лица на одделите на МВР што дозволиле да има пропусти во задолжителниот надзор спротивно на законските прописи, со што бил загрозен интегритетот на македонскиот систем за издавање биометриски документи. Осудените беа гонети само за злоупотреба на службената должност, а не и за злосторничко здружување. Немало докази за тоа. Не можело да се соберат докази за цел разработен систем на издавање македонски пасоши со украден идентитет на 215 лица! Просто неверојатно.    

Официјално, истрагата за овој случај продолжува, за да открие дали и кои функционери од повисоките структури на МВР и во власта помагале во операцијата. 

А.Д.

Француска, италијанска, албанска и хрватска полиција трагаа по криминалци со македонски пасоши

Ударната тројка на наркокартелот на Дарко Шариќ има македонски пасош со украдени идентитети

Сенар Елтер - за Турција терорист, за македонското МВР македонски државјанин со украден идентитет

Познат разбојник од Албанија со меѓународна потерница без проблем извадил македонски пасош со украден идентитет 

Војната меѓу клановите Кавачи и Шкаљари се водеше со македонски пасоши со украдени идентитети

Со две потерници за перење пари Елвис Влади влегува во МВР и без проблем добива македонски пасош

Припадници на ИСИС со македонски пасоши слободно шетале по светот

Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош

 

Бобан Томовски, соработник на Седат Пекер, приведен на аеродромот во Истанбул

Седат Пекер преку видеопораки се пресметува со Турција и се фали дека бил пријател со македонскиот премиер

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе