Собрание

Сите отворени прашања останаа за утре: законот за ЈО, за разрешувањето на Мизрахи, за новите граници на ИЕ6, за лидерска средба...

Денеска во Собранието пратениците од владеjачкото мнозинство цел ден се обидуваа да дојдат до бројката 80, двотретинско мнозинство, за да може да се усвои владиниот предлог за измени во законот за јавно обвинителство. Распуштањето на Собранието е закажано за в недела, за утре на пленарна седница ќе се разгледува законот за ЈО, а за в 15 часот закажана е и седница за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи. Згора на сѐ ова, денеска и ДУИ побара измени во Изборниот законик. А Џафери за утре најави и можна лидерска средба за да се обезбеди мнозинство во законодавниот дом.

Талат Џафери, претседателот на Собранието рече дека тој не се потпира на

фејсбук преписки во своите одлуки реагирајќи на фејбук статусот на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски: „Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи..., во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

Северна Македонија нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом“.

На ова Џафери одговори: „Сметам дека чесно сум постапувал, сум бил корктен и секогаш сум ги запазувал процедурите. Пораки преку Фејсбук не прифаќам, не комуницирам на тој начин”.

Во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски обвини дека владејачкото мнозинство цел ден ги држело во заложништво пратениците заради партиски договори. „Праксата продолжува со исто темпо како што почна оваа мнозинство. Дали ова седница не можеше да почне утре и не можам да сфатам цел ден да се малтретираат пратениците да се донесе еден закон за спас на Зоран Заев.

Ова е надвор од секоја логика.”, рече Мицевски.

Џафери ги повика партиските лидери утре на лидерска средба и рече дека ако имаат потреба да создадат друго мнозинство, во текот на утрешниот ден да имаат состанок согласно Пржино и уште еднаш да ја потврдат желбата за избори.

Денеска ДУИ гласањето за Законот за ЈО го услови со измени во Изборниот законик, односно со прекројување на изборната единица 6.

Најголем дел од пратениците велат дека нема да гласаат за прекројување на граници на изборна единица 2-3 дена пред распуштање на Собранието.

Останува да се види што сѐ ќе се случива утре во зградата на законодавниот дом.

А.Д.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе